24фудбал

Вардар, Работнички и Шкупи ги добија противниците, Глазгов Ренџерс доаѓа во Скопје

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за квалификациите од Лига Европа, Вардар, Работнички и Шкупи ги добија противниците, најатрактивниот им се падна на Чаирчани, Глазгов Ренџерс.

Македонија

Глазгов Ренџерс воден од Стивен Џерард ќе дојде во Скопје на квалификациски меч од Лига Европа против Шкупи. Така сакаше денешната ждрепка во Нион.

Вардар го доби незгодниот тим на Пјуник од Ерменија, а Работнички ќе игра со Хонвед од Будимпешта.

Во сите три натпревари македонските тимови прво играат на гостински терен, а потоа дома.

Глазгов Ренџерс - Шкупи

Пјуник - Вардар

Работнички - Хонвед

Првите натпревари се играат на 12 јули, а реваншите се на 19 јули.

Ќе има поместување во термините за нашите екипи во зависност од тоа каде ќе играат бидејќи нема да може сите три во ист ден да бидат домаќини на арената „Филип Втори“.