24фудбал

Вардар имаше негатива од 0-3 против Марибор, на крајот извлече реми

Трет контролен тест за избраниците на Бабунски на подготовките во Словенија, по двете победи следеше и едно реми.

Македонија

По победите над Шампион Цеље и Домжале, македонскиот вицепрвак Вардар ремизираше со Марибор во подготовките кои ги одработува во Словенија.

Вардарци ремизираа со 3-3 а овој резултат е одличен за црвено-црните од причина што имаа негатива од високи 0-3 уште по само 17 минути игра.

Млакар постигна два гола, најнапред во 9. а потоа и во 14. минута, а следеше нов гол за словенечкиот прволигаш преку Крамариќ во 17. минута за 3-0.

Барсегјан во 38. минута намали на 3-1 и навести интересно второ полувреме во кое Вардар преку истиот играч, овој пат по само четири минути игра во второто полувреме намали на 3-2, за веќе во 63. минута преку Адем и да го постави конечниот исход од средбата.

ВАРДАР: Гачевски (46’ Алексовски), Тодороски (46’ Брдаровски), Тошевски, Попов (46’ Серафимов), Реџепи, Битанг (46’ Најдовски), Мицевски (46’ Адем), Јуфо (46’ Марковиќ), Цветановски (46’ Попзлатанов), Барсегјан (70’ Бериша), Колевски (46’ Талески).


Фото-вест: NK Maribor (Facebook)