24фудбал

Модриќ: Аргентина беше лоша, затоа што ние бевме многу добри!

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ беше вистински предводник на својата репрезентација во победата над Аргентина, тој вели дека одиграле совршен натпревар.

СП 2018

Хрватска со 3-0 ја победи Аргентина и дојде до еден од најголемите резултати во својата историја. Лука Модриќ беше најдобар на теренот, а постигна и еден прекрасен погодок.

„Што да кажам, мислам дека одигравме така како што сакавме, совршен натпревар, особено во второто полувреме“, изјави Лука Модриќ.

„Против Аргентина одигравме перфектен натпревар, а тоа моравме да го направиме за победа. Фала му на Бога, дадовме три преубави гола. Ни се отвори денес. Што е највано, игравме голем натпревар во сите 90 минути и ја исполнивме првата цел, а тоа е пласман во осминафиналето“.

„Не би ја коментирал другата репрезентација. Овој резултат и лошата игра на Аргентина е последица на нашата добра игра и компактност на целиот терен, особено кога ние ја имавме топката. Кога спречивме топката да доаѓа до Меси, ја спречивме нивната креација, имаа тие некои шанси од наши грешки, но заслужено победивме“.