24фудбал

Бунт против Сампаоли, фудбалерите на Аргентина сакаат тој да добие отказ пред мечот со Нигерија!

Според аргентинските медиуми, играчите имале состанок по кој побарале од федерацијата да го отпушти Сампаоли.

СП 2018

Лео Меси и останатите фудбалери сакаат Хорхе Буручага да ја води Аргентина на мечот со Нигерија. Тие имале состанок по натпреварот со Хрватска на кој изразиле големо незадоволство од Сампаоли и бараат негова смена.

Проблем е што ако федерацијата го отпушти Сампаоли пред да му истече договорот ќе треба да му плати и оштета од 20 милиони долари.

Во микс зоната по натпреварот од кратката изјава на Агуеро можеше да се заклучи какво е мислењето на фудбалерите за селекторот. Кога новинарот го праша за коментарите на Сампаоли на прес конференцијата, напаѓачот рече: „Остајте го нека зборува што сака“.