24фудбал

Официјални состави: Тите со една измена ќе ја напаѓа Костарика

Бразил ќе се обиде да ги прокнижи првите три бода во Русија на дуелот со Костарика, Тите ќе атакува на победа со една измена, Фагнер добива шанса на местото на повредениот Данило

СП 2018

„Кариоките“ во Санкт Петербург ќе го имаат вториот настап на мундијалот. Нејмар е подготвен за настап и ќе треба да го предводи Бразил до триумф над Костарика и да демонстрира зошто во Русија пристигнаа како главен фаворит.