24фудбал

Додека фудбалерите на Аргентина се брукаа на теренот, нивните навивачи тепаа Хрвати на трибините! (ВИДЕО)

Поразот од 3-0 од Хрватска создаде многу гнев кај навивачите на Аргентина, а од нервозата дојде и до инцидент на трибините на стадионот во Нижни Новогород.

СП 2018

Многу Аргентинци платија големи суми за да дојдат во Русија и да ја гледаат својата репрезентација а таа во првите две кола изгледаше смешно.

Вчера Аргентинците добија понижување од Хрватска, некои фанови не можеа да го задржат бесот па удрија по противничките навивачи.

Во ходникот од трибината се случи инцидент во кои Аргентинци тепаа Хрвати.