24фудбал

Бразилците тераат мајтап со Аргентинците, измислија песна за нив: Меси чао... (ВИДЕО)

Бразилците имаат песна за Аргентина и нивниот засега голем неуспех на Светското првенство во Русија, сигурно дека на Меси нема да му се допадне истата.

СП 2018

Фудбалска Аргентина е разочарана од настапот на своите репрезентативци на Светското првенство во Русија, по ремито со Исланд на стартот, синоќа избраниците на Сампаоли доживеаа дебакл од Хрватска со 3-0.

На Гаучосите им се заканува елиминација, голем е притисокот врз нив, особено кон селекторот Сампаоли и капитенот на тимот Меси кој во првиот меч промаши пенал а синоќа против Коцкестите повторно одигра под нивото.

Познато е големото ривалство помеѓу Бразил и Аргентина, па бразилските фанови решија да ги тролаат своите ривали измислувајќи песна за нив од Мундијалот, еве како гласи таа:

О Ди Мариа, и Маскерано, и Меси чао, Меси чао, Меси чао чао чао, Аргентинците плачат, бидејќи ние ќе го освоиме ова Светско првенство“.