24фудбал

Муса донесе победа за Нигерија од дуелот со Исланд (ВИДЕО)

Комплетирано е второто коло од групата „Д“ од Светското првенство, ќе биде интересно во последното коло од оваа конкуренција откако сите карти се отворија, а ривалите за позициите ќе имаат директни дуели.

СП 2018

Нигерија помалку изненадувачки стигна до победа од 2-0 против Исланд и со тоа сите карти во оваа конкуренција се отворија по мечот кој се одигра во Волгоград во однос на второто место на табелата во пресрет на последното коло.

Фудбалерите на Нигерија доминираа во секој аспект на играта, имаа доста шанси, а Исланѓаните имаа можност во 83. минута да се вратат во игра барем за бод од тој меч, но Сигурдсон промаши од белата точка по пеналот кој дојде по прегледување на снимките.

Во првото полувреме мрежите од обата гола мируваа, а најзрелата шанса за гол ја имаше Сигурдстон уште по само три минути игра, биеше прецизно од слободен удар, но Узохо беше присебен и на убав начин ја спаси својата селекција од рана негатива.

По само четири минути игра во второто полувреме Муса погоди за водство на  Нигерија откако умешно се снајде по еден добар центаршут по кој имаше речиси неодбранлив удар, две минути претходно Халдорсон ја спаси својата селекција од негатива по ударот на Етебо.


Халдорсон уште еднаш имаше фантастична реакција, овој пат во 57. минута по одличниот обид на Ндиди, потоа следеа шанси на Моусес во 66. односно Гисласон две минути подоцна, но истите беа нереализирани.

Нигерија не запре со нападите, па имаше уште две шанси преку Балогун и Муса во 72. односно 74. минута, тие не беа искористени, но затоа Муса со својот втор гол на мечот, овој пат во 75. минута зголеми на 2-0 и донесе огромна победа за Нигерија.


Во 80. минута Исланд можеше да се врати во игра барем за бод од мечот, Метју Конгер, главниот арбитар мораше да се увери по прегледувањето на снимките дека постои прекршок за најстрога казна, прекршок кој го направи Ебуехи, но, ниту ударот од белата точка не донесе ништо ново на резултатски план.

Во финишот Исланд преку Финбогасон имаше можност да го ублажи поразот, но до тоа не дојде, ова е голема победа за Нигерија која со три бода изби на второто место во оваа конкуренција, пред Исланд и Аргентина кои засега имаат по еден, а Хрватска е прва со максимални шест бода од два меча.

Во последното коло се среќаваат Хрватска - Исланд, односно Нигерија – Аргентина.