24фудбал

Почетни состави за Србија – Швајцарија : Крстајиќ со една измена, Петковиќ со проверени сили

Се очекува голема битка на теренот од арената во Калинград, двете репрезентации влегуваат во една важна битка за нив, од која евентуална победа ќе значи многу.

СП 2018

Бразил се мачеше, но дојде до посакуваната победа против Костарика со 2-0 а истата ја обезбеди со головите на Кутињо и Нејмар во завршницата од мечот.

Со почеток од 20 часот во истата група „Е“ во второто коло се среќаваат Србија и Швајцарија, дуел од кој многумина очекуваат голема битка на теренот за бодови од обете страни.

Веќе се познати почетните состави за пресметката во Калинград, селекторот на Србија, Крстајиќ направи една измена во однос на првиот меч против Костарика каде неговиот тим славеше минимално со 1-0, на местото на Љајиќ, во почетниот состав по крилната страна ќе напаѓа Костиќ.

Што се однесува пак до спротивниот табор, Петковиќ не направи никакви измени во почетниот состав во однос на оној кој настапи против Бразил во ремито од 1-1. Бехрами, кој беше неизвесен за настап, сепак се најде во стартниот состав на својата селекција и ќе почне од првата минута.


Србија: Стојковиќ, Ивановиќ, Миленковиќ, Тошиќ, Коларов, Миливојевиќ, Матиќ, Миленковиќ-Савиќ и Митровиќ.

Швајцарија: Сомер, Лихтештајнер, Шар, Акањи, Родригез, Бехрами, Џака, Шаќири, Џемаили, Зубер и Сеферовиќ.