24фудбал

Аргентина не можеше да посака подобар резултат, еве што им треба на Меси и дружината за осминафинале

Победата на Нигерија од 2-0 над Исланд и дава нова надеж на Аргентина, „Гаучосите“ сега имаа поголеми шанси за осминафинале и продолжување на престојот во Русија

СП 2018

Аргентина вчера беше на прагот на елиминација откако доживеа тежок пораз од 3-0 во пресметката со Хрватска. Сепак, Нигерија пополаднево покрај тоа што одигра за себе, им направи голема услуга и на „Гаучосите“.

Меси и дружината добија нова надеж за осминафинале и продолжување на престојот во Русија. Триумфот на Нигерија од 2-0 над Исланд значи дека Аргентина со победа во последното коло над Нигерија и реми на Хрватска и Исланд ќе се пласира во нок-аут фазата.

Дури и Исланд да ја победи Хрватска, доколку Аргентина забележи победа повисока за еден гол од онаа на „Рибарите“, „Гаучосите“ продолжуваат понатаму.