24фудбал

Најава за одличен меч, Митровиќ за водство на Србија! (ВИДЕО)

Србија брзо и лесно го отвори мечот против Швајцарија на резултатски план, ова е најава за уште подобар фудбал во продолжение.

СП 2018

Србија дојде до рано водство од мечот против Швајцарија во второто коло од групата „Е“ од Светското првенство во Русија.

Тадиќ имаше убав и доста прецизен центаршут во казнениот простор на Швајцарците, истата ја начека напаѓачот Митровиќ кој умешно биеше со глава, неодбранливо за голманот на противникот за водство на Србија уште во 4. минута.


Ќе потсетиме дека Србија тргна со победа над Костарика од 1-0, Швајцарија ремизираше во првото коло против Бразил со 1-1.