24фудбал

Србија со водство на полувремето, но Швајцарија постојано се заканува (ВИДЕО)

Интересни први 45 минути игра на мечот во Калининград проследивме каде се постигна еден гол, во мрежата на Швајцарците кои тргнаа кон израмнување, но, засега не успеаа во таа намера.

СП 2018

Србија има минимално, но мошне значајно водство од 1-0 против Швајцарија од првото полувреме во мечот од второто коло во групата „Д“ од Светското првенство во Русија.

Тргнаа доста офанзивно избраниците на Крстајиќ, а сето тоа вроди со плод уште во раната фаза од средбата откако во 5. минута Тадиќ испрати опасен центаршут во казнениот простор на противникот а по истиот со глава прецизно биеше Митровиќ кој го отвори мечот во корист на Србите.

Во 10. минута Џемаили имаше голема шанса да израмни, но биеше близу конструкцијата од голот, а истиот фудбалер излезе сам, очи во очи со Стојковиќ, но српскиот голман имаше фантастична реакција во таа ситуација од 30. минута.


Статистиката од првото полувреме носи израмнета игра на теренот, во поглед на обидите, доста рамноправна, но поседот на топката е во голема доминација на Швајцарија (70%), статистички податок кој ја отсликува нивната игра во првиот дел.