24фудбал

Требаше ли Србија да добие пенал, Брих не сакаше ниту да се консултира со ВАР?

Навивачите на Србија сметаат дека судијата Феликс Брих ги украл на дуелот со Швајцарија и не можат да разберат како арбитарот од Германија досудил прекршок од Митровиќ кога двајца противници го држеа напаѓачот

СП 2018

Србија по првото полувреме имаше резултат кој носеше осминафинале, но сега е на прагот на елиминација откако Швајцарија направи пресврт во вториот дел.

Незадоволни од конечниот исход, навивачите на Србија изразија разочарување од начинот на кој Феликс Брих ја делел правдата. Тие сметаат дека арбитарот од Германија постојано бил наклонет кон Швајцарија и особено ги ограбил на средината од второто полувреме кога досудил прекршок во напад од страна на Митровиќ.

Напаѓачот беше во дуел со двајца противнички играчи, но и покрај тоа успеа прв да стигне до топката. Сепак, судијата Брих сметаше дека Митровиќ направил фаул, но од повторените снимки се забележа дека и двајцата репрезентативци на Швајцарија воопшто не беа наивни и го држеа и влечеа противникот.

Фановите не само што се чудат како Брих видел прекршок од Митровиќ тие не можат да разберат и зошто судијата не се консултирал со ВАР, на повторена снимка убаво да го прегледа целиот инциденет и да ја промени одлуката во пенал.