24фудбал

Официјални состави: Белгија - Тунис

По убедливиот триумф над Панама, Белгија ја брка втората победа во групата, Тунис доколку загуби ќе се збогува со сите шанси за пласман во осминафинале.

СП 2018

Белгија е голем фаворит против Тунис, одиграа одлично во првиот натпревар на Светското првенство и уште еднаш ќе сакаат да го презентираат својот квалитет. Тунижаните не беа лоши против Англија, но беа поразени, уште еден загубен меч ќе значи крај за нив.