24фудбал

Проблеми за Белгија во пресрет на дуелот со Англија

Фаворитите од конкуренцијата „Г“ на Светското првенство тргнаа според планот, но Белгијците се соочуваат со проблеми во пресрет на дуелот за првото место во таа група.

СП 2018

Белгија денес ја забележа втората победа во групната фаза од Мундијалот откако со убедливи 5-2 го совлада Тунис, а Англија утре со почеток од 14 часот игра против аутсајдерот Панама, доколку Гордиот Албион дојде до победа, ќе следиме директна пресметка помеѓу Англија и Белгија во последното коло во битката за првото место во оваа група.

Сепак, Белгија се соочува со проблеми во пресрет на дуелот со Гордиот Албион, речиси се десеткувани ако се земе во предвид дека фантастичното трио Мертенс – Азар – Лукаку се неизвесни за таа пресметка поради повреди.

Доколку триото не биде во комбинација за тој натпревар, во тој случај Англичаните ќе имаат одлична можност да ја искористат шансата да го освојат првото место во оваа конкуренција.