24фудбал

Тони Крос ја спаси Германија, гол во последните секунди за голема победа над Шведска! (ВИДЕО)

Германија слави тешка но голема победа, со фантастичен погодок на Тони Крос во последните секунди ја совладаа Шведска со 2-1 и излегоаа од калта во која се наоѓаа.

СП 2018

Германија слави голем, огромен триумф благодарение на погодокот на Тони Крос во самиот финиш од натпреварот. Светскиот шампион беше во тешка ситуација, но на крајот се извади во драматичен крај.

Германија напаѓачки го почна натпреварот, но откако заврши тој бран, Шведска беше попасна, создаде четири големи шанси од кои една реализира.

Резултатот беше отворен во 32. минута кога Тони Крос направи една грешка, тоа го искористија Швеѓаните и со убав лоб на Тоивонен дојдоа во водство од 1-0.

По само три минути игра во второто полувреме Марко Ројс го изедначи резултатот на 1-1 и ја врати Германија во игра.

Германија продолжи да напаѓа, барајќи победа. Во 82. минута ситуацијата за нив стана уште потешка откако Боатенг доби втор жолт картон и ја остави својата репрезентација со играч помалку.

Во финишот од мечот создадоа две одлични шанси, најпрво Гомез од убава позиција биеше со глава, голманот на Шведска со крајни напори одбрани. А во судиското продолжение Бранд со топовски удар ја погоди стативата.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, Тони Крос постигна прекрасен гол од слободен удар за голема победа и огромна радост на Германија.

По овој триумф Германија сама си ја крои судбината, треба да ја победи Јужна Кореја во последното коло за пласман во осминафиналето. И за Шведска уште ништо не е загубено, им треба триумф против Мексико. Во таа ситуација сите три селекции би имале по шест бода и би решавала гол разликата.