24фудбал

Гери Линекер ја промени легендарната изјава: Фудбалот е едноставна игра...

Легендарната изјава на Гери Линекер за Германија доживеа модификација по победата над Шведска со гол на Тони Крос во 95. минута.

СП 2018

Гери Линекер во минатото изјави дека фудбалот е едноставна игра во која 22 мажи трчаат по топката и на крајот секогаш Германија победува. 

Денеска Германците го направија токму тоа, во финишот имаа и играч помалку, па Линекер кој е и познат твитерџија го искористи моментот да ја модифицира неговата популарна изјава и повторно да се најде во центарот на вниманието.

„Фудбалот е едноставна игра, 22 мажи трчаат по топката 82 минути и Германците добиваат црвен картон па 21 маж трча по топката 13 минути и на крајот Германија некако ебено победува“, твитна Гери Линекер.