24фудбал

Фановите на Иран се собраа пред хотелот на Португалија да прават врева, Роналдо им излезе на прозор (ВИДЕО)

Група навивачи на Иран синоќа имале свое мало шоу пред хотелот на Португалија за да прават врева и да ги остават Португалците без сон, па на прозор им се појавил Кристијано Роналдо

СП 2018

Иран и Португалија вечерва се среќаваат на „Мордовија Арена“ во натпревар кој одлучува за псласман во осминафиналето. Иран има три бода, еден помалку од Португалија, и доколку успее да го изненади фаворитот, продолжува со настапот на мундијалот.

Па група навивачи на Иран синоќа се собрале пред хотелот на Португалија во Саранск за да прават врева, и со тапани и вувузели се обиделе да го нарушат мирот на актуелниот европски шампион.

Галамата во еден момент била толку гласна за Кристијано Роналдо да излезе на прозор. ЦР7 правеше гестови со кои ги замоли фановите да го остават него и соиграчите да спијат.

Неговото појавување предизвикало воодушевување кај насобраната маса, но медиумите пренесуваат дека вревата продолжила чим Кристијано Роналдо се тргнал од прозорот. И не само тоа, голем дел од фановите потоа се упатиле токму под прозорот на фудбалерот на Реал Мадрид со надеж дека тој одново ќе се појави.