24фудбал

Како ќе изгледа новиот Јувентус со Роналдо (ФОТО)

Со се поголем број на гласини за трансфер на Кристијано Роналдо во Торино, медиумите веќе почнаа да ја кројат формацијата на „Старата Дама“ и да прогнозираат како ќе изгледа новиот Јувентус

Италија

Се ближи крај на ерата на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, Португалецот е на чекор до Јувентус. Се верува дека тој си има подадено рака со шампионот на Италија за плата од 30 милиони евра и останува само двата клуба да го договорат трансферот.

И додека Реал Мадрид и Јувентус треба да пронајдат заеднички јазик (се шпекулира за обесштетување од 100 милиони евра), медиумите веќе почнаа да ја кројат формацијата на „Старата Дама“ и да прогнозираат како ќе изгледа новиот Јувентус.

Стартните 11 на Макс Алегри според Газета

Стартните 11 на Макс Алегри според Гоал

Стартните 11 на Макс Алегри според Мундо Депортиво