24фудбал

Ибрахимовиќ се обложи со Бекам: Ако Шведска ја победи Англија... (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ најде начин како да биде инволвиран на утрешниот меч помеѓу Шведска и Англија, напаѓачот му понуди опклада на легендата Дејвид Бекам

СП 2018

„Ибракадабра“ не е дел од мундијалот бидејќи по крајот на Европското првенство во 2016 реши да се прости од репрезентацијата. Откако Шведска обезбеди пласман на мундијалот, Златан Ибрахимовиќ се нудеше и најавуваше спектакуларно враќање, но на крајот не доби повик.

Иако е само навивач, тој најде начин како да биде инволвиран на утрешниот меч помеѓу Шведска и Англија. Златан Ибрахимовиќ му понуди опклада на легендата Дејвид Бекам.

„Бекам, ако Англија ја победи Шведска те носам на вечера каде сакаш, но доколку Шведска победи, ми купуваш што сакам од Икеа, може?“ – гласеше интересната понуда на Ибра упатена до Бекси на социјалните мрежи.