24фудбал

Бекам му врати на Ибра и го зголеми влогот, Златан храбро прифати! (ФОТО)

Дејвид Бекам веднаш одговори на понудата на Златан Ибрахимовиќ со контра предлог а Швеѓанецот храбро прифати па ако загуби ќе треба да го облече дресот на Англија и да јаде помфрит и риба

СП 2018

Утре на програмата на Светското првенство е дуелот помеѓу Шведска и Англија, па Златан Ибрахимовиќ испрати интересна понуда за опклада до Дејвид Бекам. Легендата на Англија одговори на предизвикот и веднаш врати со контра предлот.

„Златан Ибрахимовиќ, ако Шведска победи, јас лично ќе те однесам во Икеа и ќе ти купам што и да ти треба за новата вила во Лос Анџелес, но кога Англија ќе победи, сакам да дојдеш со мене на натпревар на Англија на Вембли, да носиш дрес на Англија и на полувреме да уживаш во риба и помфрит“ – гласеше понудата на Дејвид Бекам.

„Ибракадабра“ храбро го прифати овој предлог и на Инстаграм стори потврди дека паднал договор помеѓу двајцата.