24фудбал

Кој последен се смее најслатко се смее, Барса го продаде Паулињо за 50 милиони евра!

Кога Барселона минатото лето го купи Паулињо од Кина за 40 милиони евра паднаа многу шеги на сметка на „Каталонците“, но Бразилецот не само што се покажа како солидно засилување, сега донесе и профит

Шпанија

Обично клубовите од Кина се тие кои плаќаат луди суми за да донесат некој играч од Европа, но минатото лето се случи обратното и Барселона плати 40 милиони евра за да го купи Паулињо од Гуангжу Евергранде.

Тогаш паднаа многу шеги на сметка на овој трансфер, особено откако не се продаде ниту еден дрес од Бразилецот на денот на неговата промоција.

Но фудбалерот од средниот ред се покажа како сосема солидно засилување и сезоната ја заврши како трет најдобар стрелец на Барселона. Но не само тоа, тој сега на „Каталонците“ им донесе и 10 милиони евра профит.

По само 12 месеци, Гуангжу Евергранде реши да го врати Паулињо во своите редови за сума од 50 милиони евра. Бразилецот со добрите игри на Камп Ноу си обезбеди и плата од 14 милиони евра по сезона, двојно повеќе од она што го заработуваше во својата прва авантура во Гуангжу.

Сега останува само шампионот на Шпанија да ја потврди зделката и да ги открие деталите.