24фудбал

Реал го потврди трансферот и го впери прстот кон Роналдо: Тој сакаше да си оди

Пристигна официјална потврда за трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, Реал Мадрид соопшти дека по барање и желба на ЦР7 го продава играчот

Шпанија

Крај на трансфер сагата на Кристијано Роналдо, „Кралевите“ официјално соопштија дека го продаваат ЦР7. Реал Мадрид потврди дека Португалецот се сели во Јувентус и за оваа зделка го впери прстот кон самиот играч.

„Реал Мадрид сака да соопшти дека на барања и желбата која ја изрази Кристијано Роналдо, се сложивме да го продадеме на Јувентус“ – гласи соопштението во кое сепек не се откриваат детали од зделката..

Според пишувањата на медиумите, помеѓу двата клуба паднал договор за трансфер вреден 105 милиони евра, кој е рекорд за клуб од Серија А. Кристијано Роналдо ќе добие четиригодишен договор вреден 120 милионо евра, односно плата од 30 милиони евра по сезона.