24фудбал

Емотивната порака со која капитенот Серхио Рамос се збогуваше од Кристијано Роналдо (ФОТО)

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се огласи на социјалните мрежи за да се збогува со Кристијано Роналдо кој заминува од Бернабеу за нова авантура во Јувентус

Шпанија

„Кралевите“ попладнево соопштија дека го продаваат Португалецот откако самиот играч побарал и изразил желба да се пресели во Јувентус. Кратко по известувањето на Реал Мадрид се огласи и капитенот Серхио Рамос кој на социјалните мрежи испрати емотивна порака.

„Кристијано, твоите голови, бројки и сè она што постигнавме заедно говорат доволно. Заслужи посебно место во историјата на Реал Мадрид. Мадридистите ќе те паметат вечно. Ми беше чест да играм покрај тебе, ѕверу. Те прегрнувам и ти посакувам многу среќа!“ – гласеше пораката на дефанзивецот.