24фудбал

Османи пикираше за ТНС, Ибраими стартува од првата минута

Македонскиот првак вечерва ја почнува својата овосезонска европска авантура, ланската беше и повеќе од успешна откако стигна до плејоф рундата за место во групите од Лига Европа, каде беше запрен од гигантот Милан.

Македонија

Шкендија вечерва со почеток од 20 часот и 15 минути го игра првиот меч против велшкиот шампион ТНС во рамките на првото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Веќе се познати и почетните состави на обете екипи, па од тоа што можеме да го забележиме уште од првата минута на мечот ќе стартува Бесарт Ибраими, кој се пожали на повреда претходно, но шефот на стручниот штаб на тетовските црвено-црни истакна дека големи се шансите да настапи, а тоа ќе се случи.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Муслиу, Ибраими, Радески, Мурати, Жуниор, Емини, Таипи и Адили.


Османи не отстапува од својата препознатлива формациска поставеност на екипата од 4-2-3-1, Жуниор и Радески ќе напаѓаат странично, а голови најмногу ќе се очекуваат од најистурениот во нападот, Ибраими.

Букмејкерите и дадоа огромна фаворитска улога на Шкендија, а на мечот кој се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје, главен делител на правдата ќе биде кипарскиот арбитар Тимотео Кристофи.