24фудбал

Шкендија со капитална предност на полувремето против ТНС (ВИДЕО)

Македонскиот првак има водство кое најавува победа од вечерашната прва пресметка против велшкиот ривал, резултат од полувремето кое ветува многу.

Македонија

Шкендија ланската сезона имаше голем успех на европската сцена откако стигна до плејоф рундата од квалификациите за место во групите од Лига Европа, но беше запрен од гигантот Милан.

Сезонава како шампион од нашата земја игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а вечерва во првото коло игра против ТНС од Велс во првиот меч помеѓу овие две екипи.

По првото полувреме од мечот на „Филип Втори“ арената во Скопје нашиот претставник има водство од 2-0, Емини во 14. минута донесе почетно водство кое Ибраими во 38. минута го дуплираше.



Како за потсетување, доколку го мина првото, во второто квалификациско коло нашиот шампион ќе се сретне со подобриот од двомечот помеѓу Торпедо Кутаиши (Грузија) и Шериф Тираспол (Молдавија).