24фудбал

Официјално: Марез потпиша за Манчестер Сити

Алжирецот конечно направи трансфер во англискиот првак, нешто што подолг период се најавуваше, а се оствари овој летен преоден рок.

Англија

Ријад Марез конечно направи трансфер во редовите на Манчестер Сити, а овој трансфер се најавуваше подолг период, Лестер за Алжирецот ќе добие близу 67 милиони фунти.

Познато е дека Сити имаше сериозни намери да го ангажира 27 годишниот офанзивец пред само шест месеци, но Лисиците за Марез бараа близу 100 милиони фунти, а Гвардиола има големи симпатии кон неговата игра, конечно, сега ќе го има во своите редови.

Медиумите на Островот известуваат дека Марез во Сити ќе има неделна плата од 200 илјади фунти во својот договор во времетраење од пет години.

Марез во екипата на Манчестер Сити ќе го носи дресот со број 11.