24фудбал

Шкендија „испука“ петарда против ТНС, четири гола на Ибраими! (ВИДЕО)

Македонскиот шампион тргна фуриозно во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, настрада велшкиот ривал.

Македонија

Шкендија тргна убедливо во квалификациите за Лигата на шампионите откако со 5-0 на домашен терен го совлада ТНС, а по првото полувреме резултатот од мечот кој се одигра во Скопје гласеше 2-0.

Емини во 14. минута ги доведе во водство тетовските црвено-црни од 1-0, а Ибраими во 38. минута го дуплираше водството и најави убедлива победа.

Во второто полувреме следеше гол-шоу на најдобриот напаѓач на Тетовци, Ибраими со своите погодоци во 53., 60., и 66. минута го декласираше ТНС, а од неговите четири постигнати гола, два беа вистинско ремек-дело, едниот од слободен удар за 4-0, другиот по една „бомба“ за конечни 5-0.

Со тоа нашиот претставник веќе е со мислите во второто квалификациско коло каде ќе го чека подориот од двомечот помеѓу Торпедо од Грузија и Шериф Тираспол од Молдавија.

Во првиот меч пред своја публика, грузискиот претставник славеше со 2-1.

Шкендија својот реванш против ТНС на гостински терен го игра идниот вторник.

Шкендија: Захов, Мурати, Муслиу, Бејтулаи, Адили, Алими, Таипи (Зејнулаи 80'), Ибраими (Шефити 75'), Емини (Селмани 83'), Жуниор и Радески.