24фудбал

Уште едно засилување за Арсенал

Арсенал прави голем ремонт на тимот, па бројни се засилувањата кои доаѓаат во овој летен преоден рок, последното пристигнува од француското првенство.

Англија

Младиот француски фудбалер, Матео Гендузи потпиша за Арсенал, тој има 19 години и во Северен Лондон пристигнува од Лориен.

Тој ја почнал кариерата во академијата на ПСЖ пред во 2014 да се пресели во академијата на Лориен.

Дебито за првиот тим за Лориен го прави на 17 години во октомври 2016. Тој е и младински француски репрезентативец. Игра во средниот ред од теренот.

„Среќни сме што Матео потпиша за нас. Тој е талентиран млад фудбалер и многу клубови беа заинтересирани за него. Има голем потенцијал и значајно искуство во првиот тим со Лориен. Сака да учи и да напредува, ќе биде значаен дел од нашиот состав“, изјави Унаи Емери.

Тој ќе го носи дресот со број 29.