24фудбал

И Горан Пандев го прашаа за Кристијано Роналдо

Во Италија владее вистинска треска со доаѓањето на Кристијано Роналдо па дури и македонскиот капитен Горан Пандев доби прашање за Португалецот.

Италија

Пандев денеска беше присутен на прес конференција на Џенова, меѓудругото беше прашан и што мисли за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Серија А.

„Среќен сум што шампион како Роналдо доаѓа во Серија А. Задоволство ќе ни биде да го запознаеме. Јувентус веќе беше силен, а со Роналдо ќе биде уште посилен. Како и да е, цела Серија А добива со неговото доаѓање, ќе биде интересно“, изјави Пандев.