24фудбал

Квадрадо со порака до Роналдо за бројот „7“ во Јувентус

Колумбиецот од редовите на италијанскиот првак покажа фантастичен гест кон големата ѕвезда која ќе ги засили редовите на Старата Дама.

Италија

Квадрадо го задолжи дресот со бројот „7“ во редовите на Јувентус, но, сега ќе се раздолжи со истиот по пристигнувањето на Роналдо во тимот од Торино.

Самиот Колумбиец му посака среќа на неговиот нов тимски соиграч, а овој гест наиде на воодушевување на љубителите на фудбалот, особено кај фановите на Јувентус, аплаузите отидоа на сметка на Квадрадо кој приреди навистина убав гест.

Поголем благослов е да дадете отколку да добиете. Биди благословен. Роналдо, ти посакувам многу среќа во новата авантура“ напиша Квадрадо.