24фудбал

Манџукиќ го отвора патот на Хрватска до финалето! (ВИДЕО)

Експлозија од радост на гледалиштето од Лужњики арената во Москва каде се сместени хрватските навивачи.

СП 2018

Хрватска направи резултатски пресврт на мечот против Англија и дојде до водство од 2-1 во второто продолжение од средбата во Москва на втората полуфинална пресметка од Мундијалот откако прв патник во големото финале е Франција.

Во 109. минута Манџукиќ донесе експлозија од радост кај хрватските навивачи доведувајќи ја својата селекција во водство од 2-1.