24фудбал

Англија сакаше да изедначи со финта, додека Хрватите го славеа голот на Манџукиќ, „Трите Лава“ тргнаа од центар (ВИДЕО)

Избраниците на Герете Саутгејт сака да најдат „дупка“ во правилата и со брзо изведување од центар веднаш да изедначат на 2-2 но судијата не им дозволи

СП 2018

„Трите Лава“ не одиграа ништо во второто полувреме и продолженијата, па за ваквиот пристап беа казнети во 109. минута кога Марио Манџукиќ ја искористи заспаноста на одбраната на Англија и погоди за 2-1.

И додека сите Хрвати славеа покрај гол-аут линијата, Англија се обиде да искористи „дупка“ во правилата и со финта да стигне до изедначување, но судијата не им дозволи да тргнат од центар додека „Коцкастите“ се радуваа на водството надвор од теренот.