24фудбал

Манџукиќ: Не сме ни свесни, ова е чудо, не не е чудо, ова...

Херојот на Хрватска, Марио Манџукиќ со големи емоции зборуваше по натпреварот, вели дека ваков успех можат да направат само големи тимови.

СП 2018

Хрватска го има Супер Марио, неговиот гол во судиските продолженија ги крена сите Хрвати од земја и донесе историја за оваа селекција, пласман во финалето на Светското првенство.

„Неверојатно. Ние не сме ни свесни. Не, не... Не знам, ова е чудо. Не, не е чудо бидејќи ова го можат само големи тимови. Да бидете така храбри и да се вратите против една Англија, да одиграте таков турнир со срце. Еве гледате, се гори“, изјави Манџукиќ со многу емоции во себе.

„Се боревме како лавови, уживавме на теренот и така ќе биде и во финалето. Што да правам, сакам вакви натпревари“.