24фудбал

Врсаљко: Кога ќе потцените некој, ви се враќа, сега Англичаните можат да одат да се сончаат

Шиме Врсаљко вели дека во репрезентацијата на Хрватска владее неверојатна хемија, сите се борат еден за друг и затоа дојдоа до овој историски успех.

СП 2018

Хрватска ја слави својата најдобра фудбалска генерација, еден од јунаците е Шиме Врсаљко кој има една од подобрите изјави по мечот.

„Кога ќе потцениш некој, тоа најчесто ти се враќа, а тоа се случи денес. Не обрнувавме внимание на тоа што пишуваа Англичаните и што најавуваа. Јас секогаш велам: Излези на терен па после зборувај. Ние сме во финале, а тие можат да одат на сончање ако сакаат“, изјави Шиме Врсаљко по мечот.

„Се зборуваше дека ова не е Англија која ја шутира топката и ја прескокнува играта, но кога тргнавме во притисок кој го вежбавме цела недела, се покажа дека тоа е сепак старата Англија. Физички бевме поспремни, имавме голема желба. По примениот гол бевме подобри и беше прашање на време кога ќе дадеме гол. Оваа репрезентација има карактер. Живееме еден за друг и сакавме да дадеме 300 посто на овој натпревар и ништо да не можеме да си замериме. И кога имаш таков пристап и сета таа поддршка зад себе, тогаш покажуваш заби“.