24фудбал

Роналдо веќе има барање до Јувентус: Донесете го овој фудбалер...

Според информациите кои ги пренесе „Sport Mediaset“, Португалецот веќе испорача една желба до раководството на Јувентус, станува збор за неговиот веќе екс соиграч од Реал Мадрид.

Италија

Само еден ден откако стави потпис на договорот со италијанскиот првак, Кристиано Роналдо достави барање до челниците на Јувентус во тимот да го донесат неговиот близок пријател и екс соиграч од Реал Мадрид, Марсело.

Роналдо своето барање наводно го доставил до претседателот на тимот од Торино, Андреа Ањели да се ангажира Бразилецот, откако тие обајцата имаа одлична соработка во редовите на Кралевите.

Сепак, мора да се истакне фактот што Реал Мадрид извесно е дека нема намера да се откаже од левиот бек, тој има важечки договор со клубот до 2022. година и откупна клаузула од 180 милиони евра, од друга страна, Кралевите како алтернативно решение на таа позиција го имаат само Тео Ернандез, со тоа, ова е речиси невозможна мисија за Старата Дама.