24фудбал

Ефектот на Роналдо врз социјалните мрежи на Јувентус (ФОТО)

Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус одекна како вистинска бомба во летниот трансфер период, тој ќе има голем ефект врз италијанскиот клуб, тоа може да се примети и по социјалните мрежи.

Италија

Кристијано Роналдо ќе го крене квалитетот на Јувентус,  ќе го направи поконкурентен во Европа и најверојатно ќе ја зголеми доминацијата во Серија А. Неговиот трансфер ќе има ефект и кон самата лига која би требало да стане погледана а може да привлече и други ѕвезди.

Роналдо има свои фанови без разлика каде игра, а тоа може да се види од ситуацијата на социјалните мрежи на Јувентус.

Откако се дозна дека Кристијано Роналдо ќе биде нов фудбалер на Јувентус, официјалниот инстаграм профил на италијанскиот клуб се зголемил за 1,4 милиони следбеници, твитер профилот за 1,1 милион, а фејсбукот за половина милион.

Роналдо освен голови и резултати на Јувентус ќе му донесе и армија фанови од целиот свет.