24фудбал

Ѓоковиќ ги поддржа Хрватите, Ракитиќ му возврати: За тебе титула на Вимблдон, за нас на Мундијалот, па заедно да славиме!

Поддршката помеѓу Србинот и Хрватот наиде на воодушевување кај јавноста на овие простори, сепак, имаше и такви коментари кои не беа позитивни од обете страни, но, како и да е, обајцата покажаа класа.

СП 2018

Хрватска е хит на Светското првенство во Русија, некои очекуваа, а некои не, но Коцкестите се најдоа во големото финале каде во недела ќе ги одмерат силите со Франција, стариот должник од 1998. година.

Еден од најдобрите српски спортисти, ако не и најдобар во историјата на спортот на таа земја, тенисерот Новак Ѓоковиќ импресиониран од изданието на Хрватите упати честитки до нив и им посака среќа, на ова Иван Ракитиќ, репрезентативецот на Коцкестите му возврати „ти благодарам легендо“, но, следеше и изјава за медиумите дадена токму на оваа тема.


Ѓоковиќ неподдржа, него премногу го ценам, капа до земја, фантастичен е како спортист, а уште повеќе и како особа. Ќе навивам за него на Вимблдон (Ѓоковиќ игра полуфинале против Надал денес). Би сакал и тој да стигне до финале и да го освои во недела. Имавме убава средба во Мајами, тој е голема особа, му посакувам многу среќа. Доколку навистина слави во недела во финалето на Вимблдон, ќе славиме и ние покрај него“ рече Ракитиќ во пресрет на финалето со Триколорите.


Фото-вест: mondo.rs