24фудбал

Зошто Хрватска може да биде Светски шампион?

BetAdria.com ни носи уште еден интересен текст во пресрет на големото финале од Светското првенство каде Хрватска ќе се обиде да ја комплетира сензацијата со победа над Франција и освојување на најголемиот фудбалски пехар.

СП 2018

BetAdria.com како регионална обложувалница ќе навива за Хрватска, но надежта дека светот може да добие шампион од Јадранот не е само обична навивачка, таа е поткрепена со фактите произлезени од изданијата на фудбалерите на Златко Далиќ во шесте натпревари кои ги одиграа досега.

Пред почетокот на Светското првенство Франција беше еден од главните фаворити и нивниот пласман во финалето не е изненадување, но она што го прави посебен овој Мундијал е настапот на Хрватска.

Хрватите се вистинска сензација, со односот кон репрезентативниот дрес, пожртвуваноста, игрите кои ги покажаа го освоија светот, ги освоија неутралните навивачи и поддршката во недела сигурно ќе биде на нивната страна.


Успехот на Хрватска не е случајност, зад него стои диригентот Златко Далиќ на кој познавачите му ги препишуваат најголемиот дел од заслугите. По првото коло покажа цврста рака бркајќи го Калиниќ од селекцијата, ризикуваше да остане со 22 фудбалери, но не сакаше да има играч чие его е поголемо од тимскиот дух. Тој потег се покажа како успешен, додека Калиниќ игра билијард со Чалханоглу во просториите на Милан, Хрватска се подготвува за големото финале.

Далиќ им ја даде потребната верба на Хрватите, ги убеди да веруваат дека можат да се носат со било која селекција, а во неговиот тим има големи фудбалски зналци кои се вистински мајстори на теренот и со правилен психолошки приод и добра тактика можат да го освојат светот.

Хрватска одигра маестрално во групната фаза, почна со победа над Нигерија, потоа ги понижи Аргентина и Меси победувајќи ги со 3-0, па за крај го доби Исланд со втор тим.

Следуваше елиминационата фаза во која Хрватите покажаа сосема друг квалитет, карактер и физичка подготвеност. На секој од трите меча први примаа гол, но се враќаа, сите тие дуели им треа по 120 минути, два беа решени по пеналите, но во полуфиналето изгледаше како Англичаните да се поуморни отколку Хрватите.

Хрватите дојдоа до големото финале, ја кренаа својата нација на нозе, а таму ќе го имаат најсилниот противник досега, селекцијата на Франција. Тимот на Дидие Дешамп го покажа дека е моќен, но не блескаше во некој посебен сјај, изгледаше како да игра доволно за да победи.

Што ќе подготви Далиќ за нив, дали Хрватска може да ја победи и фаворизираната Франција останува да видиме, а до тогаш може само да прогнозираме.

Во прилог на Хрватска оди и една интересна коинциденција која може да изгледа возбудливо за оние кои веруваат во таквите работи. Имено, од 1958 година, на секои 20 години Светското првенство го освојува селекција која претходно не триумфирала на Мундијалот. Во 1958 година Бразил ја освои првата своја титула Светски шампион, во 1978 тоа го направи Аргентина, а Франција триумфираше пред 20 години. Доколку ова продолжи, Хрватска утре ќе го крене големиот пехар.


BetAdria.com ви нуди голем број обложувања за финалниот меч меѓу Хрватска и Франција. На и онака возбудливото финале можете да му дадете дополнителен зачин со тоа што ќе се регистрирате и ќе почнете да се обложувате на првата онлајн обложувалница на македонски јазик BetAdria.com.