24фудбал

Роналдо сакал да биде како Марадона, ЦР7 најпрво му бил понуден на Наполи!

Медиумите од Италија пренесуваат дека првичниот план на Кристијано Роналдо бил да заигра на Сан Паоло но Наполи му кажал НЕ бидејќи немал пари за реализирање на една ваква зделка

Италија

Португалецот во вторникот направи рекорден трансфер во Јувентус и утре ќе биде промовиран како нов фудбалер на „Старата Дама“. Откако пристигна официјалната потврда, се појавија информации дека Жорж Мендеш најпрво го понудил ЦР7 на Манчестер јунајтед и ПСЖ, па дури откако добил „корпа“ од „Светците“ и „Ѓаволите“ бил остварен контакт со Јувентус.

Но последните иноформации велат дека „Бјанконерите“ не биле прва опција за Кристијано Роналдо во Серија А, и фудбалерот за малку ќе завршел во Наполи.

Новинарот Карло Алвино, кој е добро упатен за случувањата на Сан Паоло и прв соопшти дека Карло Анчелоти ќе го превзеде кормилото на „Наполитанците“, открива дека Жорж Мендеш го понудил ЦР7 на Аурелио Де Лаурентис.

„Кристијано Роналдо ќе го носеше дресот на Наполи денеска доколку клубот можеше да потроши 350 милиони евра“ - вели Алвино.

„Јуве беше само планот Б за Португалецот. Жорж Мендеш има одличен рапорт со Наполи и претседателот Де Лаурентис. Агентот му го понуди Роналдо на Наполи, но бидејќи клубот не можеше да плати толку многу, тие се преориентираа кон Јувентус“.

Ваквата спектакуларна вест потоа ја пренесоа и голем број на весници од Италија.

„Старата Дама“ за Роналдо плати 112 милиони евра, а ќе одвојува и плата од 30 милиони евра по сезона, која за четири години плус даноци ќе го чини Јувентус околу 240 милиони евра.