24фудбал

Далиќ: Тажни сме и горди

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е разочаран од поразот против Франција но во исто време е и горд на успехот кој го направи со неговата селекција.

СП 2018

Хрватска не успеа да стане Светски шампион откако со 4-2 беше поразена од Франција во финалето. Но Хрватите можат да бидат само горди на своите херои кои го направија најголемиот успех во историјата на хрватскиот фудбал.

„Тажни сме и горди. Игравме добро, не пресече пеналот. Беше тешко. Мораме да бидеме среќни и горди. Останува тагата за титулата, но тоа е животот. Французите играа на контра, примивме два случајни гола. Тоа е фудбалот“, изјави Далиќ.