24фудбал

Модриќ се објаснуваше со судијата во тунелот: Немаше пенал, ниту пак тоа беше фаул за првиот гол!

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ сметаше дека неговата репрезентација е оштетена по првите 45 минути, па пред да излезе на теренот за продолжението од мечот имаше што да му каже на судијата

СП 2018

И покрај тоа што судиите на мундијалот во Русија на помош ја имаа видео технологијата, финалето помеѓу Франција и Хрватска не помина без контроверзија. За многумина спорен е фаулот кој беше досуден врз Гризман по кој Манџукиќ си ја затресе сопствената мрежа, а контроверзен беше и пеналот. Иако е јасно играњето со рака на Перишиќ, многумина сметаат дека фудбалерот на Интер немал намера, па судијата не требал да покаже на белата точка.

Вакво беше и размислувањето на Лука Модриќ, капитенот на Хрватска беше уловен од камерите како се објаснува со помошникот на Питана пред да излезат на теренот за второто полувреме. Фудбалерот на Реал Мадрид добро знае шпански па упати замерки до арбитрите.

„Немаше пенал, одлуката беше погрешна... ниту пак тоа беше фаул за првиот гол“ - се жалеше Модриќ но ништо не промени.