24фудбал

Канте е ѕвезда број еден во славјето на Французите, дури и неговите соиграчи ја пееја песната за него (ВИДЕО)

Фудбалерот на Челси е во центарот на вниманието од прославата на Триколорите за освоената втора светска титула во фудбалската историја на Францијал

СП 2018

„НГоло Канте, НГоло Канте, тој е мал, тој е убав, тој е човекот што го сопре Лео Меси, НГоло Канте...“ вака гласи песната за репрезентативецот на Франција, а истата ја испејаа и неговите соиграчи од репрезентацијата по освоената титула на Светското првенство во Русија.

Канте е еден голем фудбалски работник на теренот што секој врвен тренер би посакувал да го има во својот тим, а познат е и неговиот повлечен карактер, за да се фотографира држејќи го победничкиот пехар мораше да ги замоли соиграчите лично Н'Зонзи, бидејќи Канте веројатно беше срамежлив во таа ситуација тоа да го стори пред јавноста.