24фудбал

Погба направи нешто што воопшто нема да им се допадне на Англичаните! (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец за момент отиде малку предалеку во прославата, а овој детал сигурно нема да биде добредојден на Островот.

СП 2018

Пол Погба си ја зеде бељата на себе, подолг период се соочува со критики од јавноста поради неговите слаби изданија во дресот на Манчестер јунајтед ланската сезона, на што и самиот тој мораше да реагира, а сега следиме една нова ситуација која сигурно нема да биде со раширени раце пречекана од Англичаните.

По освоениот светски трофеј со Франција на Мундијалот во Русија, тој во прославата за момент ги истрола Англичаните, „Си доаѓа дома“ велеше тој на смеа, алудирајќи на слоганот кој го имаа Островјаните кои веруваа дека тој трофеј ќе го донесат, или вратат дома.