24фудбал

Сампаоли повеќе не е селектор на Аргентина

Куќата на фудбалот на Аргентина соопшти важна вест по крајот на Светското првенство во Русија, каде Гаучосите стигнаа до осминафиналето, а беа елиминирани од шампионот Франција.

СП 2018

Тежок беше патот на Аргентина до пласман на Светското првенство, а уште потежок до осминафиналната фаза од турнирот во Русија каде со 4-3 беа поразени од Триколорите кои синоќа во големото финале беа подобри од Хрватска со 4-2, токму Коцкестите со 3-0 и нанесоа тежок пораз на Аргентина во групната рунда.

Аргентинскиот фудбалски стручњак Хорхе Сампаоли повеќе не е селектор на Гаучосите, а за тоа стигна и потврда од тамошната куќа на фудбалот, тој е сменет поради слабите изданија на неговиот тим на Мундијалот.

Сампаоли беше на таа позиција 14 месеци, донесуваше тактички одлуки кои беа на момент и изненадувачки за пошироката фудбалска јавност, а имаше и помалку чуден избор во селектирањето на списокот за Светското првенство.

Како кандидати за негов наследник се споменуват Матијас Алмеида и Рикардо Гарека.