24фудбал

Метро станица во Лондон привремето именувана по Герет Саутгејт (ФОТО)

Англичаните се презадоволни од настапот на својата репрезентација на Светското првенство, па во чест на селекторот Герет Саутгејт преименуваат и метро станица.

СП 2018

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги освои симпатиите на јавноста во својата земја откако ја предводеше до полуфиналето на Светското првенство во Русија.

Саутгејт беше хит и со елечето кое илијадници Англичани го купија, а последната вест за него е дека е има метро станица со неговото име.

Оригиналното име на станицата е „Саутгејт“, а во наредните 48 часа таа ќе биде „Герет Саутгејт“ во чест на англискиот селектор.

Ова е еден од начините на кои Англичаните ми се заблагодаруваат на селекторот за доброто Светско првенство.