24фудбал

„Франција не требаше да добие пенал, одлуката на Питана е 100 отсто погрешна“

Поранешниот англиски судија, Дермот Галагер смета дека одлуката на Нестор Питана да покаже пенал за Франција во финалето против Хрватска е комплетно погрешна.

СП 2018

Иван Перишиќ играше со рака во сопствениот шеснаесетник во 38. минута по шут од Матуиди. По прегледот на снимката судијата Нестор Питана покажа пенал за Франција од кои тие поведоа со 2-1.

Поранешниот англиски судија Дермот Галагер смета дека одлуката на Питана е тотално погрешна и објаснува зошто е тоа така.

„100 отсто не е пенал. Тој е премногу, премногу блиску до топката кога таа се одбива од главата на играчот“, вели Галагер.

„Таа едноставно го удира него, тој не ја придвижи раката за да ја удри топката, немаше намера да игра со рака“.

„Правилото вели дека мора да биде намерно. Неговата рака не е во неприродна положба, тој едноставно не сакаше да ја удри топката“.