24фудбал

Роналдо влезе во соблекувалната на Јуве, го пречека само еден играч (ВИДЕО)

Откако успешно ги помина лекарските прегледи, Кристијано Роналдо доби тура низ тренинг центарот на „Старата Дама“, ЦР7 се сретна со новите соиграчи и Масимо Алегри

Италија

Денес е денот на Кристијано Роналдо во Јувентус. ЦР7 утрово се упати во медицинскиот центар на „Старата Дама“ на редовни лекарски прегледи. Откако успешно ги помина тестовите, лидерите на клубот му приредија тура низ тренинг центарот.

Португалецот влезе во соблекувалната на „Бјанконерите“ каде го начека само Миралем Пјанич. Тој потоа се сретна и со тренерот Макс Алегри како и со Џорџо Киелини, со кого водеше неколку непоштедни битки.

За 18:30 е закажана прес конференцијата на која Кристијано Роналдо ќе биде презентиран како ново засилување за Јувентус.