24фудбал

Мурињо му честита на Јувентус за ангажманот на Роналдо: Тој може да ја промени Серија А

Жозе Мурињо смета дека Кристијано Роналдо може да има многу позитивно влијание врз Серија А која може да стане многу погледана и поквалитетна.

Италија

Манчестер јунајтед извесно време се поврзуваше со враќање на Роналдо, но тоа не се случи. Мурињо заедно со ЦР7 работеше три години во Реал Мадрид и добро го познава својот сонародни.

„Во шпанската лига веќе не се двајцата најдобри фудбалери во светот. Сега едниот е во Шпанија, другиот во Италија“, вели Мурињо.

„Во Англија, Премиерлигата е најкомпетативното првенство со врвни фудбалери. Сега имате три димензии за следење“.

„Сега сите ќе гледаат накај Италија поради Роналдо, Премиерлигата ќе ја гледаат затоа што е најдобрата лига, а Шпанија поради Меси“.

„Серија А ќе стане едно од најважните натпреварувања во светот. Во фудбалот се може да се промени“.

„Доколку тоа ја промени перспективата на тимови како Интер, Милан и Рома, доколку тие не го прифатат пасивно моментот дека Јувентус станува посилен со Кристијано, тогаш тие повторно ќе победуваат и ќе имаат вистинска мотивација од овој трансфер, тоа може да ја подобри Серија А во поглед на квалитет, емоции и гледаност“.

„Поради оваа причина, му честитам на Јувентус за овој трансфер кој вклучува фудбал, маркетинг и продажба на сувенири. Тоа е комплетен трансфер“.