24фудбал

Хрватите пречекани како шампиони, Загреб одново гореше (ФОТО и ВИДЕО)

Со своите одлични изданија во Русија ја кренаа нацијата на нозе, па за возврат добија шампионски пречек, Загреб одново гореше овој пат за ги поздрават „Коцкестите“

СП 2018

Хрватска направи успех кој беше тешко да се замисли пред да почне Светското првенство, играше во финалето на Мундијалот, не успеа да ја победи Франција, но „коцкестите“ освоија многу срца, особено на навивачите во нивната земја, за нив тие се вистинските шампиони.

Хероите денеска пристигнаа во Загреб, а нивниот дочек беше спектакуларен, како да го освоиле Светското првенство. Можат да им подзавидат и Французите кои немаа таков спектакл на Шанзелизе.

Фудбалерите пристигнаа на аеродромот во Загреб околу 14 часот, а од таму во автобус со отворен кров продефилираа до плоштадот, патуваа со часови и беа поздравувани од илијадници хрватски граѓани. Главниот настан беше на плоштадот каде имаше повеќе од 200.000 луѓе.